Детско Катче

Детски Прашања:

1. Што е глобално затоплување?

Глобалното затоплување е нешто што се случува со климата на Земјата. Просечната температура се зголемува низ целиот свет. Зошто? Тоа се должи на ефектот на стаклена градина.

2. Како ефектот на стаклена градина влијае на зголемување натемпературата?

Дали некогаш сте биле во стаклена градина? Дури и на студен ден, таму е топло внатре. Тоа е затоа што стаклото и овозможува на топлината од сонцетод да навлезе внатре, но не ја пушта повторно надвор. Земјата е како малку поголема стаклена градина.Таа е опкружена со слој од гасови-нашата атмосфера. Некои од овие гасови се наречени стакленички гасови, бидејќи тие го прават она штои стаклото во стаклената градина го прави. Прво,тие ги пропуштаат сончевите зраци. Кога зраците се на земјата, некои се апсорбираат како топлина. Повеќето од топлината се одбива надвор од земјата и водата и оди назад кон вселената. Но, ако има стакленички гасови на патот, жештината е заробена.Таа не може да избега во вселената, така што останува во атмосферата и ја загрева планетата. Ефектот на стаклена градина е природна појава за Земјата, и тоа е многудобра работаза нас. Без ефект на стаклена градина, на Земјата ќе биде многу постудено отколку што е сега, толку ладно што океаните ќе замрзнат и нема да можеме да живееме овде. Но, ако има многу. стакленички гасови, особено јаглерод диоксид поради загадувањето предизвикано од луѓето нашето "ќебе" ќе стане погусто. Планетата се вжештува, исто како да сме наредиле дебел слој на ќебиња на креветот.

3. Од каде доаѓа прекумерно јаглерод диоксид (CO2) ?

Од луѓето. Ние гориме јаглен, нафта, гас (исто така познати како фосилни горива) за енергија. Електраните користат јаглен за да направат електрична енергија. Автомобили, камиони, авиони, како и други возила работат на горива на правени од нафта. Кога ќе се запалат овие фосилни горива, тие испраќаат јаглерод диоксид и други гасови во воздухот.

4. Дали дупката во озонската обвивка има врска со глобалното затоплување?

Не бе! Тоа се два различни проблеми. Глобалното затоплување се случува бидејќи јаглерод диоксидот и други гасови се натрупуваат во долниот дел на атмосферата. Озонската обвивка е во горните слоеви на атмосферата. Кога гасот наречен хлорофлуорокарбонат ќе стигне до ова ниво, тој го напаѓа озонот и го уништува. Тоа е лошо за живиот свет бидејќи озонската обвивка штити од штетните сончеви ултравиолетови зраци. Но, тоа е добра вест. Сега постојат закони за забрана на хлорофлуорокарбонатите во повеќето земји, а научниците предвидуваат дека озонската дупка ќе исчезне до 2050 година. Да се надеваме дека тоа е знак дека луѓето може да дејствуваат за да се реши и глобалното затоплување, исто така!

5. Како научниците го мерат глобалното затоплување?

Со следење на количината на јаглерод диоксид во атмосферата со текот на времето. Од 1958 година, се мери количеството на јаглерод диоксид на Земјата од опсерваторијата на Mауна Лоа, вулкан на Хаваи. Густиот мраз на Антарктикот, Гренланд, и други секогаш замрзната места на Земјата се како временски капсули. Научниците ги проучуваат меурчињата во секој слој за да ја дознаат температура и количеството на јаглерод диоксид во атмосферата за тоа време. Мерењата покажуваат дека количеството на јаглерод диоксид нагло се зголеми од почетокот на1800-на, време кога луѓето почнаа да ги користат масовно фосилните горива. И просечната температура на Земјата го следи истиот модел.Тоа е само она што би се очекувало, затоа што знаеме дека повеќе јаглерод диоксид во атмосферата значи посилно ефект на стаклена градина!

6. Дали е „голема работа“?

Да, тоа е! Ефектите од глобалното затоплување може да бидат многу лоша вест за живите суштества на Земјата, растенија, животни и луѓето -ако го игнорираме проблемот!

7. Зошто? Топлото време не е толку лошо, нели?

Шорцеви и сандали, пливање, помалку снег во зима...Можеби тоа звучи прилично добро. Покрај тоа, ќе се забележува промена на само неколку степени? Но, проблемот е дека глобалното затоплување не е само мал пораст на температурата. Тоа би претставувало зголемување од неколку степени во просек и може да значи и многу повеќе на некои места. А температурата е поврзан со многу други делови на климатскиот систем. Тоа значи дека многу други опасни работи, најверојатно, ќе се случат кога температурата ќе се зголеми, како на пример:

•Потопл воздух значи потопли океани. Потопли океани прават посилни урагани.
•Помалку врнежи од дожд се предвидуваат за некои области. Тоа може да доведе до суши, што би значело помалку вода за луѓето за да пијат и да одгледуваат храна.
•Посуви услови, исто така може да доведат до повеќе шумски пожари.
•Тпење на глечерите може да го подигне нивото на морето и да ги поплави бреговите.
•Дивиот свет кој е прилагоден на одредено живеалиште не може да се приспособни да преживее ако живеалиштето се промени.