Детско Катче

Мали еко- лекции

Никогаш не е премногу рано за првата лекција за екологија, ако сакаме да да бидеме "зелени" и да се грижиме за светот во кој живееме. Работите кој изгледаат како мали нешта може да имаат значително влијание врз однесувањето на целото семејство. Еве неколку модели за добро однесување кои можат да бидат усвоени и несвесно, без посебен напор и планирање.

Модел 1: намалување на трошењето

Сите деца, особено најмладите, уживаат во пливањето и најчесто може да играат во вода со часови, се додека кожата на нивните прсти не се збрчка. Ова не се однесува кога се капеме во езеро или море, туку во када или кога постојано ги полниме базенчињата во дворот летно време. Но, мора да им кажеме дека на сите ни треба водата, за сите луѓе на планетата ! Иако малите деца се уште не можат да ја разберат лекцијата за важноста на водите, со вакво однесување ќе започнат да размислуваат и подоцна да ја разбррат лекција.

Модел 2: искористи пред да фрлиш

Дали го фрлате листот хартија кога едната страна е нацртана/мапишана и веднаш земате нов? Задолжително покажете им на децата веднаш да свртат на другата страна! Тоа е толку едноставно откритие, а може да помогне да се разбере колку е важно да се намали отпадот и целосната употреба на материјалите пред д завршат како отпад.

Модел 3: рециклирање

Рециклирањето на отпад од дома се уште не ни е сосема јасно како влијае на живот во нашата Земја, но треба од мали да почнеме да учиме за тоа! Што се контејнери за рециклирање? Во различни контејнери ќе фрламе различни групи на материјали (кои за нас се веќе отпад) а кои потоа може да се искористат повторно. Треба да знаеме дека материјалите како што е хартија, пластика, стаклото и лименките од алуминиум може да се рециклираат и така да се заштеди на природните ресурси.

Модел 4: еколошко образование

Искористете ја можност кога ќе се шетате низ шумата, без разлика дали тоа е паркот меѓу зградите, национален парк или пешачење низ населбта каде што живееме, да им се објасни на децата зошто е важно да се грижиме за планетата и дека треба сите да се обидуваме да ги зачуваме парковите и шумите. Во посета на зоолошката градина, или кога читаме книга за диносаурусите можеме да објасниме што се загрозени животински и растителни видови, и како тоа се случува дека некои од нив може да исчезнат. Образованието за животна средина не мора да биде специјално и исклучиво додека сме во природата или со животни, но за овие важни лекции за зачувување на природната средина може да се разговара во секојдневните семејни разговори.

Модел 5: секции

Вклучете го детето во некоја од секциите во училиштето или здруженија кои се занимаваат со еколошки теми, како што е Планктониум и детето ќе ужива и во дружењето и во исто време ќе се стекнува со важни вештини и навики.

Денес и во масовните медиуми како телевизијата или Интернетот може да се најдат содржини фокусирани на свеста за потребите на планетата и рециклирањето, но, многу е важно оваа порака да се добие од дома, да можат да го следат примерот на своите родители и постарите браќа и сестри.

На кој начин мислите дека најдобро се пренесува пораката на децата за важноста на еколошката свест? Дали вашето семејство има силни ставови кон заштита на животната средина? Ако имате корисни совети за аштеда на водата, струјата, намалувањето или искористувањето на отпадот пишете ни на contact@planktonium.mk

Еве некои наши сознанија кои сакаме да ги споделиме:

Чекор 1:

Научете ги децата да го исклучат компјутерот, телевизорот, ДВД - то, видео игрите, стереото и другите електронски уреди веднаш штом ќе завршат со нив, дури и ако тие планираат да се вратат подоцна во текот на денот за пак да ги користат.

Чекор 2:

Научете ги децата да ги исклучат светлата кога нема никој во собата. Да се создаде навика на одење низ куќата секоја вечер за да се исклучате светлата кои другите членови на семејството може да ги оставиле уклучени. Чекор 3:

Можеме да им помогнеме на децата да направат тест за протекување на енергијата со држење на лента/панделка до сите прозорци и надворешни врати во куќата. Ако панделка се мафта, тие ќе знаат дека воздух протекува во или надвор од куќата. Ова значи дека залудно ја губиме топлината. Покажете им како може да се запечати прозорецот или вратата со некој вид силикон или леплива лента и да се спречи протекувањето.

Чекор 4:

Научете ги децата како да се заштеди топла вода и електрична енергија со тоа што туширањето ќе трае пократко и со исклучување на водата додека ги четкаат забите, но и да ги потсети сите во семејството да го сторат истото.

Чекор 5:

Научте ги децата да бидат сигурни дека сите славини во вашата куќа се целосно исклучени кога не се користат. Ако имаме испукана гумичка на чешмата да им покажеме како да може да се поправи. Објаснете им дека ако е скината гумичката може да се потрошат повеќе од 450 литри вода месечно, а ако е топла водата се троши и дополнително електрична енергија. Дури и ладната вода кога капе ќе се потроши струја, бидејќи се користат електричнипумпи за пумпање на вода во вашиот дом.

Чекор 8:

Користете вентилатори во текот на летото за да го разладите домот. И вентилаторите трошат струја но многу помалку отколку клима уредите.

Чекор 9:

Земетеги децата да ви помогнат да засадите неколку дрвца или цвеќе во вашиот двор или на балконот. Како дрвјата растат, тие ќе обезбедат сенка за куќата, која ќе ја одржи ладна и ќе ја намалите потребата од користње на климатизери во текот на летото, а исто така тие ќе создадат бариера против студени ветрови во текот на зимата.